ММС

Објавено на: 06/10/21 10:47 PM

Рускиот суд го казни „Фејсбук“ со 17, а „Телеграм“ со 10 милиони рубљи

Рускиот суд го казни „Фејсбук“, платформата на социјални медиуми, со 17 милиони рубли и апликацијата за размена на пораки „Телеграм“ со 10 милиони рубли поради кршење на административните правила, јавува Агенција Анадолија (АА).

Случајот на Федералната агенција за надзор на информатичките технологии и масовните медиуми (Роскомнадзор) против „Телеграм“ и „Фејсбук“ беше спроведен во судот „Тагански“ во Москва.

Судот пресуди дека споменатите компании не го почитувале законот поради фактот што на забранетата содржина во Русија може да се пристапи преку „Фејсбук“ и „Телеграм“.

Поради тоа, „Фејсбук“ е казнет со 17 милиони рубли (околу 194.000 евра), а „Телеграм“ со 10 милиони рубли (околу 114.096 евра).

Роскомнадзор претходно од слични причини поднесе тужби против платформите на социјалните медиуми како што се „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „ТикТок“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.