ММС

Објавено на: 06/10/21 10:04 PM

(ВИДЕО) Ѓоковиќ: „Џокерот“ е МВП, честитки за заслужената награда брате

„Џокерот“ е МВП. Честитки Никола, те сакам брате. Со среќа во плеј-офот, напиша Новак Ѓоковиќ на социјалната мрежа „Твитер“.

Српскиот репрезентативен центар Никола Јокиќ, во средата и официјално беше избран за МВП во НБА лигата за сезоната 2020/2021.

И повеќе од заслужено, екс-кошаркаркот на Мега го понесе ова индивидуално признание, а од средата до денес честитките упатени на адресата во Колорадо, Денвер, едноставно не стивнуваат.

Во пресрет на 58-от дуел помеѓу едни од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт, на престижниот Гренд Слем, Ролан Гарос, рекетот број еден истрча на калливите терени во Париз со дрес од Денвер Нагетс.

Ѓоковиќ се подготвува за Рафа Надал во темносиниот дрес со Никола Јокиќ на грбот, испраќајќи му порака за поддршка и честитки за неверојатниот подвиг. Лидерот на Нагетси стана првиот кошаркар кој од најниската позиција на НБА драфтот бил изгласан за МВП во регуларниот дел од кампањата, но Јокиќ урна и уште еден рекорд станувајќи првиот кошаркар од екс-ју просторите кои се искачил на тронот во најквалитетното клупско светско натпреварување.

 

-МВП! МВП! Ова е за мојот пријател Никола Јокиќ „Џокер“. Честитам за МВП наградата и те како заслужено. Ти испраќам голем поздрав од Париз, од Ролан Гарос. Те носам со себе на тренинг и се надевам дека ќе ти донесам среќа во плеј-офот. Секое добро, мој пријателу, му порача Новак на својот сонародник.

А среќата на Јокиќ во полуфиналето на Западот дефинитивно ќе му треба. По два одиграни дуели на гостински терен во Аризона, неговиот Денвер е во заостанување од две победи, откако Феникс Санс и полесно од очекувањата го совлада конкурентот од истата конференција. Сега серијата се сели во Колорадо и тука екипата на Мајк Малоун ќе ја бара шансата за големо финале со подобриот од Јута Џез и Лос Анџелес Клиперс.

 

Фото:

Twitter / @DjokerNole

д.ј


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.