ММС

Објавено на: 06/10/21 9:41 PM

Тимот е подготвен – Вечерва четврта трансплантација на срце

По само 11 дена од третата трансплантација на срце, вечерва се подготвува четврта. Министерот за здравство, Венко Филипче пред малку ја најави оваа трансплантација, без да објаснува повеќе детали.

-Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце.  Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, напиша тој.

За само една година во Македонија се направија три трансплантации на срце од донори. Првата беше  направена на 23 мај минатата година, втората се случи на 17 април, третата пред 11 дена, а четвртата е вечерва. Сите три досега се успешни, со надеж дека и вечерва ќе биде така.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1