ММС

Објавено на: 06/10/21 9:25 PM

(Видео) Ужас во Берово – Град го побеле градот и уништи се

Попладнево Берово го зафати силно невреме, за кое жителите велат дека одамна не се случило. Според беровчани невремето траело околу половина час, кога се споиле небото и земјата. Место од вода улиците биле побелени од град.

-Видеото е од денеска. Страшно беше. Траеше околу половина час. Почна наеднаш силно уште од почеток да врне град. Со тој интензитет беше цело време. Покривите, дворовите, улиците целосно побелеа. За жал, посебно ме загрижува што ги уништи овошките. Нам тоа ни е работата, ќе нема плодови за берба. Рибизла, шумски јагоди, сливи, вишни, црешни, јаболка, се уништи градот, ни рече нашата читателка Емилија Пехчевска од Берово, која беше сведок на страшното невреме.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.