ММС

Објавено на: 06/10/21 7:28 PM

Бројот на организирани сајбернапади во Европа двојно се зголеми во 2020 година

Во европските земји во 2020 година, бројот на организирани сајбернапади се зголеми повеќе од двапати во споредба со претходната година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на „Си-ен-ен“ (CNN), заснована на Агенцијата за сајбербезбедност на Европската Унија (ENISA), во континентот во 2020 година биле откриени 304 организирани сајбернапади насочени кон критични сектори.

Нападите се зголемија повеќе од двојно во однос на 2019 година, кога беа откриени 146 напади.

Хакерите за време на епидемијата нападнале витални служби.

Во овој период за 47 проценти се зголемени сајбернападите против мрежите на болници и другите здравствени установи кои се борат против епидемијата.

Апостолос Малатрас, водач на тимот на групата за информации на Агенцијата за сајбербезбедност на Европската Унија (ENISA), рече: „Пандемијата побара многу услуги да бидат обезбедени преку интернет. Безбедноста е ставена во втор план поради итноста на процесот на транзиција.“

– Нападите за уценувања двојно се зголемени

Експертите истакнаа дека сајбернападите со софтвери за уценување станаа широко распространети.

Според извештајот на британската фирма за сајбербезбедност „Софос“, компании и институции во 2020 година имаат загуба од 761.000 долари како резултат на сајбернападите со софтвери за уценување.

Оваа бројка се зголеми на приближно 1.850.000 долари во првите пет месеци од 2021 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.