ММС

Објавено на: 06/10/21 6:30 PM

(Видео) Македонските фудбалери во Букурешт ги „чуваат“ агенти на „Мосад“?!

Агентите на израелската разузнавачка агенција „Мосад“ ги шокирале играчите на македонската репрезаентација при нивното пристигнување во Букурешт за учество на ЕУРО2020. Нашите играчи биле изненадени од присуството на големиот број агенти, не знаејки што се случува, за да подоцна дознаат дека во хотелот престојува и израелскиот претседател Јицак Херцог.

Романските медиуми  информираат дека играчите биле бебзбедно сместени во своите соби, се возеле со посебен лифт, кој не го користат други луѓе и ќе имаат посебна просторија за појадок, ручек и вечера за да бидат безбедни за време на нивниот престој.

Македонија игра со Австрија и Украина во Букурешт на 13 и 17 јуни, а  на 21 јуни против Холандија во Амстердам.

Изјава и бодрење на нашата репрезентација за романската телевизија ПРО ТВ дал и амбасадорот Габриел Атанасов.

-Ајде наши, одиме на победа, рекол мегу другото амбасадорот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.