ММС

Објавено на: 06/10/21 6:31 PM

Верувале или не! Финалето на Еуро2020 ќе се игра меѓу Данска и Чешка, пресметал суперкомпјутер

Финалето ќе се игра меѓу Чешка и Данска на Евро 2020, завршувајќи со победа на Чесите од 3: 2. Ова е резултат на симулација на Европско првенство во фудбал, направена од супер компјутер со податоци за последните 20 години на давателот на спортски податоци и статистика Sportradar.

Во полуфиналето, двата тима сензационално ќе ги елиминираат Англија, односно Португалија, а пред тоа уште двајца други фаворити Италија и Франција.

“После толку долго одложување, има голема возбуда кај навивачите за овој турнир. Ние ги искористивме нашите технички можности за да го симулираме шампионатот, обработувајќи огромна количина на податоци од последните 20 години за да го предвидиме победничкиот тим. Фудбалот е непредвидлив и тоа е една од работите, која најмногу ја сакаме на играта, но сепак малку навивачи би поверувале дека Чешка и Данска ќе бидат во финалето “, коментира регионалниот шеф на компанијата за Европа, Блискиот исток, Африка и Јужна Америка Вернер Бехер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.