ММС

Објавено на: 06/10/21 5:14 PM

Заев на работна средба со Макрон во Париз

Премиерот Зоран Заев денес ќе оствари работна средба во Париз со претседателот на Франција, Емануел Макрон, соопштуваат од владиниот кабинет.

Во рамките на посетата со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу двете земји, ќе се оствари и работна вечера со францускиот претседател.

Дел од владината делегација се и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, како и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.