ММС

Објавено на: 06/10/21 4:49 PM

(ВИДЕО) Во Букурешт ечи познатиот хит на Гоце Арнаудов, Елмас е задолжен за атмосферата

Иако некои од репрезентативците „се пожалија“ дека во Букурешт е како во затвор, со оглед на строгите мерки и протоколи за учесниците на Европското првенство, атмосферата сепак останува на поприлично завидно ниво.

Букурешт го слушна големиот хит на македонскиот пејач на народна музика, Гоце Арнаудов, а за тоа се погрижи фудбалерот на италијански Наполи, Елиф Елмас. Во просториите каде што „рисовите“ појадуваа утрово, некогашниот играч на Работнички внесе звучник од кој ечеше „Ќе пијам, ќе лумпувам“.

 

Фановите на македонската фудбалска репрезентација, на еден ден пред почетокот на ЕУРО 2020, единствено може да ги радува ваквата слика на евидентно расположение, другарство и тимски дух, во пресрет на историскиот дуел со Австрија во недела.

Од таборот на Игор Ангеловски нема нови информации во однос на подготвеноста на играчите во ростерот. Сите играчи се во строј и меч-фит за трите натпревари во групата Ц со Австрија, Украина и Холандија.

Големиот европски фудбалски турнир го отвораат селекциите на Турција и Италија, утре од 21 часот.

 

 

Фото:

Twitter / @MacedonianFoot

 

д.ј

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.