ММС

Објавено на: 06/10/21 2:04 PM

Центарот на Скопје без струја поради невреме

Поради невреме кое го зафати Скопје резултираше со испад во високонапонската мрежа.

Корисниците на дел од центарот на градот останаа без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.

Нагласуваат дека екипите на Електродистрибуција се на терен со цел брзо да интервенираат, а корисниците се префрлуваат на алтернативни напојни точки.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.