ММС

Објавено на: 06/10/21 1:09 PM

Се прослави како Ранду во „Касандра“: Денес има 60 години и e потполно непрепознатлив

„Касандра“ веројатно е најгледаната латиноамериканска теленовела на сите времиња на овие простори. Речиси нема кој не ги знае Касандра, Игнасио, Луис Давид, Ранду и Доринда.

Познатиот Ранду, за кого Касандра била ветена невеста, бил заљубен до уши во неа, а во серијата беше фрлач на ножеви во циркуз.

Актерот кој го играше Ранду се вика Хенри Сото и денес има 60 години, а судејќи по фотографиите, денес не изгледа ни малку како познатиот лик од серијата.

Иако го паметиме по долгата црна коса и марамите, Хенри денеска има кратка коса, а покрај тоа и брада.

После толку години, повторно го поврзуваат со Касандра, а ниту тој самиот не заборавил на познатата улога и често објавува снимки од оваа серија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HENRY SOTO (@henrysotooficial)

Хенри денес игра во театар и се занимава со хуманитарна работа.

Извор:  Espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.