ММС

Објавено на: 06/10/21 12:45 PM

Запознајте ја Нала – најпопуларната мачка на светот!

Благодарение на интернетот многумина станаа ѕвезди преку ноќ, па животот им се промени од корен. Светска слава меѓу другото, стекна и една мачка на која славата можеби не и’ значи ништо, но нејзиниот живот значително се променил откако станала една од најпопуларните мачки.

Се работи за мачката Нала, која има неверојатно 4,3 милиони следбеници на Инстаграм – пишува krstarica.com.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nala Cat ™ (@nala_cat)


Со ова, Гинисовата книга на рекорди додаде нова категорија – мајчка со најмалку следачи на Инстаграм, па Нала веќе се води и како рекордерка.

Инаку, нејзината приказна почнала скромно. Нала е вдомена од засолниште за животни кога имала 5 месеци, а денес живее со своите сопственици во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nala Cat ™ (@nala_cat)


Не било потребно многу време за сопственичката на оваа симпатична мачка да сфати колку е Нала всушност, фотогенична.

Како и да ја фотографирала, таа била преслатка. Така одлучила да и отвори профил на Инстаграм а останатото е историја.

 

Извор: republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.