ММС

Објавено на: 06/10/21 11:40 AM

Русија од Москва протерува македонски дипломат како реципрочна мерка

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска сооопшти дека на времената амбасадорка на  Македонија во Москва, Оливера Чаушевска-Димовска и’ била презентирана нота од Министерството. Во нотата се најавување  прогласување на вработен во македонската Амбасадата  за „персона нон грата“.

-Оваа мерка е одговор на потегот од македонската страна, кога во мај годинава, донесе немотивирана одлука за прогласување дипломат за „персона нон грата“ во Руската амбасада во Скопје, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

Со тоа мисијата на Македонија во Русија останува само со в.д. амбасадор.

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи на овој потег одговори со жалење, насловувајќи ја одлуката како „неправедна“.

„Жалам за неоправданата одлука на @mfa_russia, која е само одмазничка политичка одлука; ова несомнено ќе има негативно влијание врз билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација“, напиша Османи.

Македонија на 18 мај соопшти дека ќе протера руски дипломат од Руската амбасада во скопје.

„Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија“, соопшти тогаш МНР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.