ММС

Објавено на: 06/10/21 11:14 AM

Маж ги дал своите податоци на ФБ пријателка која во негово име зела брзи кредити

Со вкупно 76.500 денари преку брзи кредити е задолжен 28-годишен жител на село од општина Зрновци, откако на наводно женско лице од фејбук профил ги дал своите лични податоци и трансакциска сметка.

-Според пријавеното, женското лице успеало да ги обезбеди неговите лични податоци и податоците за неговата транскациска сметка и без негова согласност во два наврати аплицирала за брзи кредити во негово име. Исто така, според пријавеното, кога пристигнале парите на негова сметка го довела во заблуда дека парите ги испратиле нејзини роднини од странство, по што и’ ги дал парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Штип.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.