ММС

Објавено на: 06/10/21 9:31 AM

Во Њујорк отворена најголемата тематска продавница посветена на Хари Потер

По одложувањето поради пандемијата, на почетокот на оваа недела во Њујорк вратата за посетители ја отвори најголемата тематска продавница посветена на Хари Потер. Се работи за продавница на 13 ката која ја сочинуваат 15 тематски делови. Ниту дождот не ги спречи обожавателите во понеделникот да чекаат ред на адресата 936 Бродвеј за да може да прошетаат меѓу полиците инспирирани од книгите и филмовите на популарната франшиза.

Иако продавницата првенствено е наменета за продажба на облека, таа на посетителите им нуди увид во светот на магијата, односно во верзија од филмови и книги прилагодени на реалниот свет. Среќниците кои веќе го посетиле просторот, велат дека остава впечаток поради комбинацијата на продавница за облека, музеј и волшебничкиот свет – пишува Форбс.

Во ваквиот простор, изложени се над илјада реквизити, меѓу кои има и неколку автентични предмети кои се користени при снимањето на филмовите. Посетителите може да се фотографираат и да си направат селфи на секој кат од продавницата.

Првиот роман на британската авторка Џ. К. Роулинг „Хари Потер и Каменот на мудроста“ е објавен во 1997 година, а последната од седумте книги е објавена во 2007 година. Сите книги се преведени на бројни светски јазици, а последниот дел во САД се распродаде за само 24 часа откако се појави на полиците во книжарниците

Фото: harrypottershop.co.uk

Извор:   hr.n1info.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.