ММС

Објавено на: 06/10/21 8:55 AM

Полицијата изрече 152 сообраќајни прекршоци во Скопје, 12 возачи на мотоцикли се санкционирани

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, десет за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила  соопшти претпладнево  Министерството за внатрешни работи.

– Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, 87 санкции за непрописно паркирање – појаснуваат од МВР.

Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во следниот период и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.