ММС

Објавено на: 06/9/21 9:48 PM

(ФОТО) Дибиров, Чупиќ, Столе и Џомба ги поддржаа своите спортски колеги од фудбалската репрезентација

Кој друг, ако не оние кои двапати ја покорија Европа и со години се дел од елитното спортско друштво?

Ракометарите на скопски Вардар, Тимур Дибиров, Столе Стоилов, Иван Чупиќ и Гоце Георгиевски, испратија силна поддршка до нивните колеги од фудбалската репрезентација, непосредно пред официјалниот почеток на Европското првенство 2020.

-Европското чудо кое тие го направија е мотив плус за нашите фудбалери. Храбро до последен атом, напишаа од ФФМ на социјалните мрежи.

Големиот европски турнир во петок од 21 часот го отвораат селекциите на Италија и Турција, а на 13-ти јуни во недела „рисовите“ ќе се судрат со Австрија од 18 часот на „Националната Арена“ во Букурешт.

 

Фото:

Twitter / @ffmmkd


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.