ММС

Објавено на: 06/9/21 1:46 PM

Лани се родиле 2.466 вонбрачни деца, 19 од мајки на возраст под 15 години

Во 2020 година бројот на живородени деца е намален за 4,1 процент во однос на претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година се родени 19.167 деца од кои 19.031 се живородени, а 136 мртвородени.

Поголем е процентот на родени машки деца (51,5 проценти), а најголем број раѓања се забележани во јули.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 33,6 проценти имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката во вкупниот број на раѓања изнесува 29,1 година, а кај првите раѓања е 27,5 години.

Лани се родени и 19 деца од мајки на возраст под 15 години.

Родени се и 2.466 вонбрачни деца или 13 проценти од вкупниот број на живородени деца.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.