ММС

Објавено на: 06/9/21 1:42 PM

Жена од Јужна Африка роди десетка и го урна светскиот рекорд

 

Госијаме Тамара Ситол, 37-годишна мајка на шестгодишни близнаци, првично мислеше дека ќе има осум новороденчиња. Но, кога се породи со царски рез во болницата во Преторија во понеделникот, таа беше изненадена кога се појавија 10 бебиња, изјави нејзиниот сопруг Тебохо Цотеци за „Преторија њуз“.

„Се родија седум момчиња и три девојчиња“, изјави таткото Цотеци по породувањето на неговата сопруга во седмиот месец од бременоста.

Госијаме Тамара кажа дека останала бремена го природен пат и без никаков третман за плодност. Ако биде потврдено, породувањето со 10 деца на Ситол би го направило првото познато раѓање на десетка.

Претходниот рекорд го држаеше Халима Сисе , која, наводно, родила девет деца минатиот месец.

„Светските Гинисовите рекорди се информирани дека Госијаме Тамара Ситоле родила десетка.  Испраќаме честитки и најдобри желби на семејството“, изјави за „Пост “ портпарол на организацијата.

„Во сегашно време, ова допрва ќе го потврдиме како запис бидејќи благосостојбата и на мајката и на бебињата е од најголем приоритет. Нашиот тим за евиденција заедно со специјалист консултант го разгледуваат ова“, рече портпаролот.

Ситол го покажа својот огромен труднички стомак минатиот месец за време на фотосесија со нејзиниот сопруг, кога сè уште мислеа дека очекуваат осум бебиња.

Дури и осумката беше изненадување за родителите, бидејќи првичните прегледи покажаа само шест бебиња, изјави претходно среќната мајка  за „Преторија њуз“.

„Кога лекарот ми соопшто, не ми се веруваше“, рече таа за навидум неточните вести дека очекувала осум бебиња.

„Дури и кога го видов ултразвикот, се’ уште не верував во тоа. Но, како одминуваше времето, сфатив дека е вистина. Одвај спиев ноќе “, рече таа.

„Бог направи чудо и моите деца останаа во матката без никакви компликации“, рече таа за својата „тешка“ бременост.

„Само се молам Бог да ми помогне сите мои деца во бидат здрави и јас и моите деца да излеземе живи “, рече таа тогаш.

Нејзиниот сопруг, кој е невработен, рече дека тој „се чувствувал како едно од Божјите избрани деца“ дури и кога мислел дека ќе стане татко на осум деца.

 

ny post


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.