ММС

Објавено на: 06/9/21 1:30 PM

Пристигнаа 30.000 вакцини „Синовак“, донација од Турција, објави Филипче

Пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

-Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција. Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас, напиша министерот Филипче.

Филипче истакна дека вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата.

М.П.Н.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.