ММС

Објавено на: 06/9/21 11:25 AM

Грмење и град низ Македонија – УХМР предупредува не престојувајте на отворено и под дрвја

Во Македонија времето останува да биде  променливо облачно и нестабилно, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за изолирана појава на град.

Во следните два дена нестабилно ќе биде на повеќе места, а се очекува локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.