ММС

Објавено на: 06/9/21 10:10 AM

(ВИДЕО) Ким Џонг Ун драстично ослабе: Теорија дека лидерот на Северна Кореја е болен?

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ретко се појавува во јавноста во последно време, што ги зголеми гласините дека има проблеми со здравјето.

Тој неодамна се појави во јавноста по долга пауза кога беше претседател на седницата на владејачката Работничка партија, а последните фотографии сугерираат дека драстично ослабел, пренесува британски Гардијан. Како што се наведува, на некои слики тој изгледал доста послаб во споредба со некои претходни фотографии и снимки.

Порталот НК Њуз, од Сеул, ги зголемил фотографиите со цел да ги потврди овие сомневања, а исто така посочиле дека Ким, за кого се верува дека има околу 37 години, поседува скап часовник вреден 12.000 долари, на кој наводно го затегнал ременот!

Јужнокорејските медиуми тврдат дека Ким изгубил неколку килограми, што може да се види од фактот дека и раката му е потенка.

Севернокорејскиот лидер важи за страствен пушач, а неговиот татко Ким Џонг-Ил наводно починал од срцев удар во декември 2011 година. Сето ова ги натера аналитичарите да заклучат дека Ким се бори со дебелината во последните години, пред сè, и дека има и други здравствени проблеми.

Јужнокорејските разузнавачки служби дури тврдат дека минатата година, Ким имал околу 140 килограми, а откако дојде на власт во 2011 година, наводно се здебелил околу 7 килограми. Сепак, тие не успеале да разјаснат дали е послаб затоа што боледува од одредена болест или водел грижа за линијата.

НК Њуз се повикува и на зборвите на еден аналитичар кој тврди дека Ким сака да биде послаб за  да ја пдообри репутацијата на својата земја. Северна Кореја се соочува со недостиг на храна и економска криза, додека трговијата со Кина значајно паднала поради пандемијата од коронавирусот.

Извор: Србијаданас/Фото: Профимедиа

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.