ММС

Објавено на: 06/9/21 9:57 AM

„Бев исфрустрирана дека сум сопруга на Новак Ѓоковиќ“ – Јелена искрено прозборе за темната страна во бракот со Ноле!

На Јелена Ѓоковиќ цел свет и завидува на тоа што го има – успешен сопруг, две прекрасни деца, исполнет приватен живот, недвижнини низ целиот свет. Но ја открива и темната страна во медиумите и раскажа со што се соочувала во бракот со Новак Ѓоковиќ и за начините со кои се обидувала да го доведе својот животот во рамнотежа.

– Секоја препрека со која се соочуваме нас не зацврстува. Моментално сум посветена на мајчинството но и успорена додека тој не сака да биде активен. Сака да патува, да прави свашта, а потоа јас го предупредувам дека имаме две деца и дека мораме да ги прилагодиме, рекла Јелена и кажала дека сака исполнет живот.

– Не сакам да права работи затоа што мислам дека морам да ги правам и да немам избор. Сега знам дека имам избор. Работам на своето тело бидејќи сакам да имам енергија за да живеам со насмевка и со смисла, изјавила сопругата на светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

– Од Новак научив дека е сјајен и дека води сметка за себе. Некогаш мислев дека тоа е себично, а сега сфаќам дека не е, дека сите треба тоа да го правиме. Уште учам као да водам сметка за себе. Тек кога ќе се погрижиме за себе тогаш имаме што да им понудиме на другите, рекла Јелена која по факултетот во Италија завршила мастер и докторирала за економист во Монако.

– Храбро е ова што го кажувам пред милиони, но се обидував да се натпреварувам со Новак. Мислев дека не добивам доволно признание кое го заслужувам и дека мојата работа не се гледа бидејќи се се одвива во позадина. Се што правев беше невидливо. Жените немаат прстор да прозборат да се покажат, и постојат стереотипи за жените на спортистите, како треба да изгледаат и како треба да се однесуваат. Некогаш ме болеше што ме препознаваат како сопруга на Новак Ѓоковиќ , сега со гордост се носам со тоа, признала Ѓоковиќ во една позната српска емисија.

 

Извор: Информер.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.