ММС

Објавено на: 06/9/21 9:45 AM

(Видео) Алиоски, Елмас и Ристовски не можеа да им одолеат на детските насмевки – Ветија многу голови за малите фудбалери

Детската насмевка е најголемото богатство, а на неа не може да одолеа ниту еден човек во светот. Загревајќи се за настапот на Европското фудбалско првенство, нашите репрезентативци Стефан Ристовски, Езѓан Алиоски и Елиф Елмас предизвикаа неизмерна радост за Димитриј, Катја и Дамјан.

Во видеото на Фудбалската федерација на Македонија, малите фудбалерчиња им пратија по една порака на Стефан, Џани и Елиф, какви голови да постигнат против Австрија, Украина и Холандија.

“Јас сум Димитриј и имам порака за Стефан Ристовски. Стефан, сакам ваков гол да дадеш со Австрија“.

Но, децата не очекуваа дека тројцата фудбалери ќе го прифатат нивниот предизвик и се снимија посебно за нив. Радоста кај децата беше огромна затоа што нивните идоли им испратија лични пораки.

“Дамјан, ваков гол ќе дадам против Украина“, му вети Алиоски на Дамјан, а Елиф ќе даде гол со пета посветен на Катја.

Извор: ФФМ

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.