ММС

Објавено на: 06/9/21 8:42 AM

Фајзер ја тестира вакцината на деца помали од 12 години

Компанијата Фајзер почна со тестирање на вакцината против вирусот на деца помали од 12 години. По првата  студија со која беа опфатени мал број деца, од Фајзер соопштија дека во новото тестирање ќе бидат вклучени околу 4500 деца доброволци од повеќе од 90 градови во САД, Шпанија, Полска и Финска.

Вакцината која ја развија Фајзер и Бионтек засега е одобрена во САД и ЕУ за лицата кои имаат над 12 години. Децата од пет до 11 години ќе добијат две дози од по 10 микрограми, што е третина од дозата за возрасните.

 

Извор:    rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.