ММС

Објавено на: 06/9/21 7:32 AM

Потврда од МВР дека има жртви во тешка сообраќајка во Скопје

Најмалку двајца починаа и неколкумина други се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на Булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје. Изутрината од МВР потврдија дека има жртви. Во сообраќајката учествувале пет возила.

Повеќе информации МВР најави наскоро.

Изутрината според Информативниот центар на Град Скопје, сообраќајот на овој дел од Скопје, се одвива нормално.

 

Фото: принт скрин Инфомакс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.