ММС

Објавено на: 06/8/21 10:22 PM

(ФОТО) Фудбалерите го почувствуваа тревникот во Букурешт

Три месеци откако несреќно загубија на „Националната арена“ во романската престолнина и само десет часа откако македонските фудбалски репрезентативци беа испратени на Европското првенство по стариот добар обичај со „истурање вода“, момците на Игор Ангеловски повторно истрчаа на тревникот во Букурешт.

Репрезентативците денес го одржаа првиот тренинг пред официјалниот почеток на ЕУРО 2020.

Добрите изданија во пријателските дуели против Словенија и Казахстан ја одржаа атмосферата во таборот на „рисовите“ на највисоко можно ниво, но како што може да се забележи и на фотографиите, фудбалерите се комплетно фокусирани во подготовките за првиот натпревар на репрезентацијата во својата историја на едно големо натпреварување.

Со позитивен корона тест на Енис Барди и без ниту едно отсуство, во недела од 18 часот Македонија ќе се соочи со стариот должник Австрија на „Националната Арена“ во главниот град на Романија.

Покрај Австрија, Македонија во групата Ц за пласман во нокаут-фазата ќе мора да се избори преку велесилата Холандија и препородената селекција на Украина предводена од легендата на италијански Милан, Андриј Шевченко.

 

 

Фото:

Facebook / ФФМ

д.ј


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1