ММС

Објавено на: 06/8/21 9:47 PM

(ВИДЕО) Французите во страв, Бензема се повреди на пријателскиот меч со Бугарија

На само вториот меч во дресот на „петлите“ од 2015 година, напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, мораше предвреме да го напушти теренот откако заработи повреда.

При крајот на првиот дел, поранешниот шпиц на Лион држејќи се за десната нога се пожали на повреда и сигнализираше кон стручниот штаб дека мора да биде заменет. Освојувачот на Лигата на шампионите, Оливие Жиру, го пополни неговото место, но на само три дена до официјалниот старт на Европското првенство, на Дидие Дешамп и фановите на француската репрезентација им останува само да се надеваат дека повредата не е од сериозен карактер.

Французите ќе се обидат на претстојното ЕУРО да ги соединат двата најголеми трофеи и да се искупат за болниот пораз во финалето на домашен терен во 2016 година од Португалија. А до финалето на 11-ти јули, фаворитите број еден ќе мораат во „групата на смртта“ преку истата таа Португалија, светскиот првак од 2014 година, Германија и селекцијата на Унгарија.

 

 

 

Фото:

Twitter

д.ј

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.