ММС

Објавено на: 06/8/21 8:39 PM

Напаѓачот на Штутгарт играл под лажен идентитет

Фудбалерот од навалната линија на поранешниот првак на Германија, Силас Вамангитука, во Европа пристигнал под лажен идентитет, известува „BBC“.

Името на играчот на Штутгарт кој беше избран за најдобар млад дебитант во Бундеслигата, всушност е Силас Катомпа Мвумпа и е една година повозрасен од она што се претставувал.

По најновите сознанија, интернационалецот на ДР Конго е роден на шести октомври, 1998 година. Како причина за ваквата измама напаѓачот го наведува константниот притисок од неговиот претставник во улога на фудбалски агент и живеењето во незамислив страв.

Од германскиот клуб велат дека работат интензивно на случајот и дека се во постојан дослух со Будеслигата и Германската фудбалска федерација, во надеж дека од ДР Конго ќе пристигне официјална документација со која ќе може конечно да се потврди неговиот вистински идентитет.

-Во последните неколку години бев многу загрижен за моето семејство во Конго. Ова беше тежок чекор за мене, објавувајќи ја приказната во јавноста. Никогаш немаше да имам храброст да го направам тоа, доколку не чувствував дека Штутгарт е мојот втор дом и е безбендо место за мене, изјави Силас Катомпа Мавумпа, а пренесува англиски „BBC“.

Мавумпа во Германија доаѓа во 2019 година.

 

 

 

Фото:

Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.