ММС

Објавено на: 06/8/21 7:41 PM

Штип добива најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење

Градот под Исарот добива најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење. Тоа е одлуката донесена по денешната работна средба во просториите на ЈП ХС „Злетовица“, соопштуваат од Кабинетот на градоначалникот на Општина Штип.

На покана на претставниците од јавното претпријатие се одржа работна средба за да се договори во детали динамиката за поврзување на новата филтер станица во Штип, која се гради со средства добиени од владата на Република Северна Македонија. Се работи за инвестиција од околу 5 милиони евра неповратни средства, со што Штип добива најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење.

Со приклучувањето на Штип кон овој хидро систем, долгогодишно го решаваме прашањето за водоснабдување на градот и најблиските приградски населби со квалитетна вода за пиење.
Фото:
Општина Штип

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.