ММС

Објавено на: 06/8/21 6:11 PM

Проблеми за Шведска пред ЕУРО, фудбалерот на Јувентус е позитивен на Ковид-19

По откажувањето на долгоочекуваното враќање на Златан Ибрахимовиќ во составот на Скандинавците, нови непријатни вести пристигнуваат од таборот на шведската репрезентација.

Напаѓачот со македонски корени во редовите на Јувентус, Дејан Кулушевски, позитивен е на Ковид-19, објави на денешната прес-конференција за медиумите лекарот на шведската фудбалска репрезентација.

Кулушевски најверојатно ќе го пропушти целиот турнир кој започнува на 11-ти јуни, но постојат мали шанси за појавување на екс-играчот на Аталанта и Парма на терените низ Европа, доколку неговите соиграчи успеат да стигнат до самиот крај на Европското првенство.

Швеѓаните првиот меч на ЕУРО го играат на 14-ти јуни против селекцијата на Шпанија, а подоцна ќе ги вкрстат копјата и со Словачка и Полска.

 

 

 

Фото:

Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.