ММС

Објавено на: 06/8/21 4:21 PM

ДОМ предлага соработка со ДУИ за зелената агенда доколку партијата на Ахмети покаже сериозност

Претседателот на општинската организација на ДОМ Тетово, Валентин Тасевски, вели дека има за што да се соработува со ДУИ ако сака оваа партија да ја покаже сериозноста на нивната агенда. Особено соработката се однесува за Тетово.

Идеите за соработка со ДУИ која најави зелена агенда се однесуваат особено за градот Тетово, кој е на врвот на најзагадени градови во светот. Предлозите кои се дел од ДОМ, Тасевски ќе и ги достави на градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која воедно е и потпретседателка на ДУИ, партија која се ребрендира во зелена.

Од партијата предлагаат идеи и активности за спас на Шара, од изградбата на малите хидроцентрали.

 

Зелената агенда на ДУИ деновиве наиде на потсмев на граѓаните на Тетово и еколошките организации, кои велат дека партијата на Ахмети која осум години владее со Тетово е анитзелена партија, затоа што од градот под Шара направи највалкан и најбетонизирано место, каде речиси и да нема паркови и зелена површина.

 

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.