ММС

Објавено на: 06/8/21 3:44 PM

Заев за протестите на опозицијата: Освен блокади и кочници, од ВМРО-ДПМНЕ ништо друго не видовме

Со Бугарија се разговара на секторско ниво – за изградба на железници, патишта, коридорот 8 и конекцијата меѓу двете земји, соработката меѓу  министерствата за култура, помеѓу агенциите за млади и спорт и помеѓу националните радиодифузни сервиси. Ова го изјави денеска премиерот, Зоран Заев прашан за коментар за протестите на ВМРО-ДПМНЕ од каде денеска побараа власта да каже што преговара со соседната земја.

Тоа е „патоказот“ за којшто се разговара и ако биде усвоен дефинитвно ќе биде потврден на меѓувладина конференција којашто ја водат двајцата министри за надворешни работи. Сето друго се разговара под раководство на португалското претседателство.  Таму е фокусот затоа што Европа е исправена пред можноста да носи одлука на 22 јуни – додаде Заев.

Тој посочи дека португалскиот предлог освен кај власта и кај бугарската страна е доставен и кај Мицкоски.

„Апсолутно знае дека предлогот е одличен и е појдовна основа за постигнување решение. Да провоцирате вака протести само колку да се блокира сообраќајот е порака која никако не можам да ја разберам Веројатно има страв дека може да направиме исчекор кон ЕУ и конечно да имаме прва меѓувладина конференција. Очекувам  најмалку да се помогне, наместо да се блокира. Во последните четири години, ВМРО-ДПМНЕ освен блокади и кочници, освен правење опструкции на важните процеси во нашите евроинтеграции и економски перспективи, ништо друго немаме видено“, истакна Заев.

 

Фото: Архива

В. Ми


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.