ММС

Објавено на: 06/8/21 2:47 PM

Почина 20-годишна девојка во сообраќајка кај Кадрифаково

Во сообрќајка кај Кадрифаково, изутрината околу 07.15 часот, на автопатот Миладиновци – Штип, на место викано „Ерџелиски мост“, животот го загуби С.М.(20) од село Кадрифаково, светиниколско. -Девојката управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со светиниколски регистарски ознаки,  изгубила контрола и излетала од патот., соопшти штипската полиција.

С.М. починала во Клиничката болница во Штип, каде била пренесена со тешки телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе.

Според информациите, девојката работела во маркет во Свети Николе, до каде секојдневно патувала.

 

фото:архива


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.