ММС

Објавено на: 06/8/21 2:32 PM

Во Германија по грешка вакцинирано дете со вакцината на Фајзер

Во Германија деветгодишно девојче по грешка било вакцинирано против коронавирусот, но се чувствува добро. Според соопштението од центарот за вакцинација во Бобинген, вакцинирано е дете, чиј татко поднел пријава. Во тек е истрага, која како што пишува „Augsburger Algemajne“ треба да утврди како дошло до тоа детето да добие вакцина.

Вакцината всушност требало да ја добие таткото, кој имал закажан термин на кој се јавил со својата ќерка. Како што пренесуваат тамошните медиуми, лекарот кој требало да ја спроведе вакцинацијата го прашал девојчето дали се плаши од инекции. Во моментот кога ја дезинфицирал раката на девојчето, таткото помислил дека се работи за шега.

Меѓутоа, веднаш потоа лекарот го вакцинирал девојчето со вакцината на Фајзер. Оваа вакцина во моментот е дозволена само за децата над 12 години. Како што пренесуваат медиуимите, вакцинираното девојче се чувствува добро.

 

Фото: Илустрација / Pixabay

Извор:    b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.