ММС

Објавено на: 06/8/21 2:02 PM

Кејот 13 Ноември добива ново руво, поплочувањето е во завршна фаза

Возобновеното шеталиште за скопјани на кејот на Вардар за многу кратко време ќе биде пуштено за употреба. На Кејот 13 Ноември се работи со забрзана динамика се со цел скопјани на почетокот на летото да добијат нов простор за рекреација и уживање под дебелите сенки на дрворедот.

Овој проект е во вредност од 88,6 милиони денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени од Буџетот на Град Скопје. Со реконструкцијата е опфатено целосно ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, поставување клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и електрични столбови заради реализација на забраната за паркирање и движење по кејот „13 Ноември“. На новиот кеј ќе биде ослободено повеќе место за велосипедистите и пешаците преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.