ММС

Објавено на: 06/8/21 12:39 PM

Ниту пандемијата не ги промени цените во Албанија – Колку ќе ве чини одмор во Валона?

Откако се олабавија мерките и граничните премини ги отворија рампите за туристите многу Македонци заминаа на море.

Поради пандемијата бевме лишани од уживањето на песочните плажи надвор од нашите граници.

Во Грција заминаа голем број на туристи, но најмногу бројни Македонци се одлучија да заминат во Црна Гора или Албанија.

Цените поради пандемијата речиси насекаде се зголемени, но во Албанија во градот Валона цените се речси исти како и од пред неколку години. Цените за сместување во приватен апартман почнуваат од 20 до 40 евра од ден.

Наш читетел ни испрати неколку фотографии од цените според тоа воочивме дека навистина цените се исти како и што самите посетители го кажуваат тоа.

Во рестораните можете да платите и во евра, а во маркетите морате да плаќате во леки.  За едно евро добивате 130 лека.

До колку сакате да испиете едно кафе на плажа тоа ќе ве чини од 25 до 70 денари зависно што ќе нарачате.

На некои плажи во Валона се плаќаат лежалки и тој луксуз ќе ве чини 150 денари, а некаде воопшто и не се наплаќаат.

Доколку не сакате да се оптеретувате со ПЦР тестови и да поминете поевтин одмор ваша дестинација нека ви биде ова лето Албанија.

Но имајте во превид ако патувате овој месец во Албанија се уште важи полицискиот час од 23 часот до 06:00 наутро. Исто  како и кај нас, ни во Албанија не е задолжително носење на маски на отворено, но затоа во затворени објекти тоа е задолжително и мора да се држи социјална дистанца.

Во продолжение погледнете ги цените во Валона:

В.П

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.