ММС

Објавено на: 06/8/21 8:58 AM

(Фото) Кофа вода за среќа – Фудбалерите ги испративме со сите обичаи на Еуро 2020

Македонската фудбалска репрезентација тргна за Букурешт каде што во недела ќе го има дебито на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски направија заедничка фотографија заедно со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини облечени во официјалните костуми специјално изработени за оваа прилика, а потоа се упатија кон службениот автобус на репрезентацијата.

За да се запази традицијата, по автобусот на ФФМ беше истурена кофа за среќа, обичај кој се уште го правиме кога одиме на некој далечен настан или полагаме испити.

Најважна вест е тоа што сите фудбалери се негативни на Ковид-19 и селекторот Ангеловски ќе ги има на располагање сите играчи за овој историски настап на Еуро 2020.

Репрезентацијата со чартер замина за Букурешт каде што ќе ги одигра првите два натпревари против Австрија и Украина на 13-ти и 17-ти јуни, а третиот дуел е закажан за во Амстердам каде што ќе играме против Холандија.

Фото: ФФМ

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.