ММС

Објавено на: 06/8/21 7:24 AM

Соединетите држави заклучија дека Ковид-19 може да излегол од лабораторија во Вухан

Националната влада на САД заклучи дека хипотезата за протекување на вирусот од кинеска лабораторија во Вухан е веродостојна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит журнал“ повикувајќи се на луѓе кои имале увид во  класификацираниот документ.

Студијата беше спроведена во мај 2020 година од страна на Националната лабораторија „Лоренс Ливермор“ во Калифорнија и беше мета на Стејт департментот на САД при спроведување на студија за потеклото на пандемијата во последните месеци под администрација на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Проценката на „Лоренс Ливермор“ се заснова на геномска анализа на вирусот Ковид-19, пишува публикацијата. Лабораторијата одби да даде коментар на веста на  „Волстрит журнал“.

Американскиот претседател Бајден минатиот месец изјави дека им наредил на соработниците да најдат одговори за потеклото на вирусот.

Специјалните служби на САД разгледуваат две можни сценарија – дека вирусот е резултат на лабораториска несреќа или потекнува од човечки контакт со заразено животно – но, тие не донеле заклучок, рече Бајден.

Во сè уште класифицираниот извештај на разузнавачките служби на САД објавен за време на администрацијата на поранешниот претседател Трамп, се тврди дека тројца истражувачи на кинескиот институт за вирусологија во Вухан се разболеле во ноември 2019 година, по што побарале помош од болница, соопштија извори на Американската влада.

Американските власти ја обвинија Кина дека не е транспарентна во врска со потеклото на вирусот, обвинување што Пекинг го негираше.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.