ММС

Објавено на: 06/7/21 6:58 PM

Пристигнаа нови 12.870 дози од вакцините на Фајзер

Денеска пристигнале нови 12.870 дози од вакцината против Ковод-19 на Фајзер, објави министерот за здравство Венко Филипче.

-Дополнителни 12.870 дози од производителот Фајзер обезбедени преку директните преговори со производителот и преку ЕУ која ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe) пристигнаа денеска, објави министерот Филипче на Фејсбук.

Министерот апелираше сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација да го сторат тоа што поскоро.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.