ММС

Објавено на: 06/7/21 6:30 PM

Пролетна сангрија: Лесно се прави, освежува и зајакнува

Сангрија обично се прави од црвено вино, сецкано овошје, малку жесток пијалак и шеќер. Името го добила поради темно црвената боја од португалскиот збор „sangue“ што значи крв. Меѓутоа, постои сангрија бланка направена од бело вино. Постојат многу варијанти, а тука се и состојките што можете да ги комбинирате.

За сангрија ви треба бокал или голема чинија, како за пунч. Овошјето што обично се користат се портокали, лимони, лимета, праски, јаболка, круши, киви, јагоди, малини, грозје, лубеници, дињи. Еве една пролетна варијанта …

Состојки:

литар квалитетно црвено вино

сецкано свежо овошје – праска, цреша, јаболко, портокал (околу 2 чаши)

коцки мраз

листови од нане за украсување

Подготовка:

Исецкајте го овошјето, ставете го во изладеното вино, додадете коцки мраз и листови од нане и послужете.

Уживајте!

Извор:Информер.рс/Фото:Shutterstock

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.