ММС

Објавено на: 06/7/21 5:22 PM

ФФМ им додели билети за Европско првенство на вработените на Инфективната клиника

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска им ги врачи билетите за Европското првенство на вработените од клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби кои организирано ќе ги следат натпреварите на Македонија на UEFA EURO 2020.

„Ќуќа на фудбалот“ веќе им даде предност на здравствените работници кои аплицираа за купување на билети за ЕП преку ФФМ, а дополнително, на медицинскиот персонал преку Министерството за здравство ќе им овозможи влезници за натпреварите на Македонија на ЕУРО 2020.

„Изминатите речиси две години, едноставно, живеевме во време и моменти кои не потсетуваат дека здравјето на луѓето е најважно. Јасно ми е дека ова е премалку, но чуствувам потреба на медицинскиот персонал на скромен начин да им се оддолжиме за пожртвуваноста итрудот што го вложуваат за да нѐ заштитат сите нас. Да им ја искажеме нашата почит за нивната работа и да покажеме дека сме општество што цени вистински вредности”, рече претседателот на ФФМ Муамед Сејдини.

Главната сестра на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби Габриела Темелковска изјави дека гестот на ФФМ е голем и благодарни се на федерацијата, како и за поддршката која фудбалерите и спортистите ја искажуваат за здравствените работници во изминатиот период.

„Дел од вработените во нашата клиника организирано ќе патуваат во Букурешт и со цело срце ќе ја бодрат македонската репрезентација. Ова е начин и ние да возвратиме на поддршката која нас ни ја даваа фудбалерите во искчлучително тешкиот период за сите“, рече Темелковска.

М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.