ММС

Објавено на: 06/7/21 4:55 PM

Очекуваме конструктивен одговор од Скопје за долгорочно решение, рече бугарскиот министер за надворешни Стоев

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев во однос на европската интеграција на Северна Македонија, изјави дека позицијата на Бугарија е јасна, доследна и предвидлива и таа не е променета, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија се раководи од Рамковната позиција и Декларацијата на Народното собрание од октомври 2019 година и оти 85 отсто од граѓаните ја поддржуваат таа позиција.

-Бугарија секогаш покажувала волја за конструктивен и прагматичен дијалог со Скопје. Ќе продолжиме да работиме на обновувањето на довербата, рече тој.

Бугарскиот министер додаде дека очекуваат правни гаранции за почитување на Договорот од 2017 и конструктивен одговор од Скопје за долгорочно решение на прашањето.

Стоев додаде и дека Бугарија отсекогаш ја поддржувала европската перспектива на земјите од Западен Балкан и како земја од регионот разбира дека патот кон ЕУ е најсилниот фактот за демократија.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.