ММС

Објавено на: 06/7/21 3:03 PM

Горан Пандев на онлајн дружба со фановите со помош на Видеолотарија Касинос Австрија

Точно две децении откако првпат се појави во македонскиот дрес како сениорски репрезентативец, на натпреварот Турција – Македонија (3-3, 6 јуни 2001), капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев ја прослави 20-годишнината со дружба со своите фанови и со сите љубители на македонскиот фудбал. Во тоа му помогна Видеолотарија Касинос Австрија, преку фан-страницата на 2win, тој се вклучи во „Live chat” и, речиси, половина час одговараше на прашања, поставуваше прашања и се забавуваше заедно со своите фанови и со нашите играчи.

Со оглед на тоа дека сме на прагот на историското Европско првенство, многу од прашањата беа на таа тема, за шансите на Македонија, за тоа какви резултати очекува Пандев против Австрија, Украина и против Холандија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.