ММС

Објавено на: 06/7/21 2:56 PM

Крвопролевање на изборите во Мексико – Дошол да гласа со отсечена човечка глава

Еден човек упаднал на избирачко место во Теразас дел Вале во мексиканската сојузна држава Тихуана и фрлил отсечена човечка глава, соопштија локалните власти, а пренесе Ројтерс.

Досегашната политичка кампања ја одбележа невидено насилство дури и во земја каква што е Мексико во која секојдневно се случуваат просечно по 100 убиства.

Изборите се одржуваат  во екот на пандемијата на Ковид-19, а во предизборната кампања е убиен 91 политичар, воглавно кандидати на опозицијата, се вели во извештајот на агенцијата за безбедносни прашања, Етелект.

Аналитичарите тврдат дека најголемиот дел од насилните акции биле насочени кон општинските функционери затоа што нарко-картелите сакале да извршат притисок и да влијаат на резултатите од изборниот процес надевајќи се на помала контрола во шверцот со наркотици.

Извор: Mondo.rs

фото: Dailymail.co.uk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.