ММС

Објавено на: 06/7/21 2:47 PM

Се уште мислиме дека е срамота девојка да игра фудбал – Горан Пандев се бори за родовата еднаквост во фудбалот

Македонската фудбалска ѕвезда Горан Пандев беше гостин на панел дискусијата за родова еднаквост во фудбалот на која се зборуваше за сите проблеми кои женскиот пол ги има во нашето општество, а го организираше Владата.

– Чест ми е што сум овде присутен. Имам долго искуство во фудбалот, но во машкиот. И јас како сопственик на фудбалски машки клуб се справува со големи проблеми, но можам да замислам како е во женскиот фудбал. Во Италија, женскиот фудбал е во нагорна линија, тамошната публика му дава подеднакво внимание на женскиот фудбал. Мојата менаџерска агенција посветува внимание на женскиот фудбал. Ние тука треба да ја средиме прво инфраструктурата. Знам дека добиваме голема помош од УЕФА и ФИФА и со помош на тие средства може да се подобрат условите во женскиот фудбал.

Нашиот проблем е менталитетот. Овде кога ќе видиш девојка како игра фудбал во шкплскиот двор, викаш еј види ја срамота е, игра фудбал. Јас кога гледам женски фудбал во Серија А, има ритам интензитет, дуели, има квалитет и уживам во нив. – истакна Горан Пандев.

Фудбалската судијка Ангела Рајчевска рече дека грешиме уште во старт затоа што не постои машки и женски фудбал, туку фудбал во кој играат две категории и за кои има исти правила.

– Правилата важат подеднакво за сите, значи треба и условите да бидат подеднакви. Се соочуваме со терени на кои нема основни услови, немаме соблекувални за пресоблекување. Женската лига е далеку понеплатена од машката. Медиумската покриеност скоро и да ја нема. Правев истражување во кое жените се застапени 20%  во спортските статии. Прво новинарско правило е да имате еднаква родова еднаковст. – Ангела Рајчевска која е и спортски новинар.

Фудбалерката на Тиверија од Струмица, Александра Ристовска сподели како е да се игра во женско првенство кое никој не го следи во Македонија.

– Голем дел од јавноста не знае колку женски клубови постојат. Големата разлика во буџетите ги пренасочува тренерите да работат во машките клубови. Финансиската разлика придонесува сите девојки после 18 години да се откажат од спортот, затоа што не гледаат иднина. Медиумски не сме застапени, не можете да најдете медиум или линк за да гледате натпревар од женски фудбал.

Со зголемување на бројот на настани кои би биле медиумски застапени, би можеле да ја кренеме свеста на граѓаните – Александра Ристовска.

Силвија Митевска, советничка на премиерот за спорт рече дека поддршката од Горан Пандев, од таква голема ѕвезда и тоа како ќе делува на јавната свест.

– Немаме доволен број на жени присутни каде што се носар политиките. Доколку имаме жена која ќе го брани или претстави ставот, ќе биде полесно, мора да седнеме на иста маса со мажите за да носиме одлуки. Што повеќе машки спортисти да го следат примерот на Горан Пандев и да бидат на наша страна затоа што родовата еднаквост не е тема за која треба да зборуваат само жените.

 

Орце Костов

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.