ММС

Објавено на: 06/7/21 1:07 PM

„Мора да исчезне заканата од ставање вето во ЕУ“ став на Германија

Берлин е на став дека „заканата“ за ставање вето од страна на одделни земји-членки на Европската унија „мора да исчезне“.

Особено, како што истакна германскиот министер за надворешни работи Хаико Маас, треба да се укине правото на одделни земји-членки на ЕУ, да „одбие одлуки“, истакнувајќи дека 27-те земји не можат да бидат „заложници“ на еднострани одложувања.

-Не можеме повеќе да бидеме заложници на оние кои преку своето вето ја парализираат европската надворешна политика. Значи, го кажувам отворено: ветото мора да се повлече – дури и ако тоа значи дека можеме да гласаме против тоа. Оние што се закануваат со вето, повеќе или помалку, си играат со кохезијата на Европа“, рече Маас.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.