ММС

Објавено на: 06/7/21 2:00 PM

Неделава ќе има јавен повик за ваучери за летен одмор од 12 илјади денари

Министерството за економија деновиве треба да го објави огласот за доделување туристички ваучери во вредност од 12 илјади дена за граѓаните со ниски примања. Ќе се поделат по приниципот прв дојден прв услужен на граѓани чии пирмања се пониски од 30 илјади денари на ниво на семејство за да користат одмор во некој од хотелските капацитети во земјава. Директорот на Агнецијата за поддршка во туризмот Јаневски кажа де дека тоа ќе биде дополнителен поттик за развој закрпенување на туристичкиот сектор во земјава од пандемијата

Според информациите за ова мерка, држават апланира да потроши околу15 милиони денари што е нешто околу 1300 ваучери. Како што не информираше портпаролката на министерството за економија Александра Спасевска огласот треба да биде објавен утре или задутре. Туритичките ваучери за граѓани со ниски примања ќе се делат според развиеноста на планските региони. Оние плански региони кои не се развиени ќе може многу повеќе да искористат од  ова мерка за разлика од развиените.

Инаку минатата недела завшрши јавниот повик за пријавување на сите категории и лиценцирани угостителски објекти за спестување и туристички агенции при што ќе биде познат и списокот на хотели и сместувачки капацитети каде граѓаните со ниски приходи ќе можат да ги кроситат ваучерите за летен одмор

В. Т

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.