ММС

Објавено на: 06/7/21 12:45 PM

Дизајнер сo генијално решение за зависниците од мобилен телефон

Јужнокорејски индустриски дизајнер смислил сатирично решение за т.н. „зомби- смартфони“, луѓе коишто не можат да се одделат од екранот на телефонот  и многу често се удрат во ѕид или некој друг објект и предмет.

Дизајнерот Паенг Мин-вок разви роботско „трето око“, кое корисниците на паметни телефони можат да го стават на челото и со тоа да избегнат повреди при движење.

Уредот отвора прозирен капак кога чувствува дека главата на корисникот е спуштена и е свртена кон екранот на телефонот. Кога корисникот е оддалечен еден или два метри од пречката, уредот испраќа звучен сигнал за предупредување за претстојната опасност, пренесува Танјуг.

извор-vijesti.ba

Foto: Yahoo.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.