ММС

Објавено на: 06/7/21 12:18 PM

ВМРО ДПМНЕ од утре на протести да предупреди на национално предавство во подготовка

ВМРО ДПМНЕ утре во 15 до 17 часот ќе протестира со блокада на три фрекфентни раскрсници во Скопје, кај Нова Македонија, Мавровка и Парламентот. Со тоа почнува со предупредувачки протести, како што рече лидерот Христијан Мицкоски, со цел да предупреди на предавничките преговори на двоецот Заев – Бучковски. Вакви протести освен во Скопје, во исто време ќе се одржуваат и во десет други градови.

-За да добијат датум за преговори,  прифаќаат Декларацијата на бугарскиот парламент да стане дел од првите пет фундаментални поглавја во преговарачката рамка за ЕУ. Протестите и блокадите нема да престанат се додека не биде јавно објавен Патоказатот за спороведување на договорот и условите од Бугарија, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, до 22 јуни се можни три сценарија  – првото да добиеме датум и меѓувладина конференција на 23 јуни без условување дополнително од Бугарија што е возможно и веројатно само 5 проценти.

Второто сценарио да се вметне бугарската Декларација во фудаменталниот кластер на првите пет поглавја од прегиварачката рамка и додека не ги прифатиме сите бугарски барања нема да има напредок. Ќе преговараме бесконечно, што е многу полошо и од случајот од Србија и условот за Косово е во 35 – то последно поглавје. Ова сценарио е со 25% веројатност – додаде опозицискиот лидер.

И третото сценарио со веројатност од 75%, според кое Заев и Бучковски усно ке дадат гаранции за бугарските барања, а со оглед на техничката влада на Македонија  ЕУ да се наврати по два – три месеци по изборите во Бугарија. Во мегувреме да започне процесот на крсење на Македонија и прифакање на бугарските барања. Ова би било меѓупериод до прифакање целосно на бугарската Декларација како што беше со Илинденска Македонија, кога се преговараше Преспанскиот договор со Грците.

Мицкоски брифираше дека преговарачот Владо Бучковски рекол на маса да ставиме се’, да прифатиме се’ па да видиме дали ке не блокираат. Ако барањата на Бугарија влезат во преговарачката рамка, тогаш спорот ке биде мегу нас и ЕУ, нема повеќе да биде билатерален со Бугарија. Мицкоски вели дека се подготвува етапна асимилација или бугаризација на Македонија и ВМРО ДПМНЕ тоа нема да дозволи.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.